Фернандеш за гласините за Јунајтед: Не ме интересира тоа

Од:

Бруно Фернандеш сака да игра во англиското фудбалско првенство, пишува „Скај Спортс“ и додава дека Манчестер Јунајтед покажува најголем интерес за играчот од средниот ред на Спортинг Лисабон. Сепак, тој истакна дека се фокусира на подготовката со португалскиот тим, а информациите за трансфер во моментов се само гласини.

– Во моментов не ме интересира токму тоа. Веќе зборував доволно за ова прашање. Сега мојата единствена задача е да не го пропуштам летот (за турнејата во САД). Дали ова ќе биде мојата последна изјава во дресот на Спортинг? Не знам. За ова решаваат тренерите. Веќе реков дека сакам да играм во Англија, но во моментов не ме интересираат гласини, рече тој.

Во однос на тоа дали трансферот ќе се случи оваа сезона, тој додаде дека тој ќе се случи кога клубот ќе донесе одлука за такво нешто.

– Јас не сум одговорен за овие работи, вели халфот.

Фернандеш минатото лето потпиша петгодишен договор со Спортинг, а клаузулата за откуп е околу 31 милион фунти. Интересно, ако Спортинг одбие таква понуда, Фернандеш ќе добие компензација од клубот од 4,5 милиони фунти.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска