Ферлан Менди потпиша со Реал Мадрид

Од:

Дефанзивецот на Олимпик Лион, Ферлан Менди беше официјално објавен за фудбалер на Реал Мадрид. Договорот на Французинот ќе трае до 30 јуни 2025 година. Најновиот додаток на шпанскиот гигант ќе биде официјално претставен на 19 јуни попладне.

Минатата сезона Менди зеде учество во 44 натпревари за Лион, во кои постигна 3 гола и направи 3 асистенции.

Според информациите на „РМЦ“, Реал Мадрид ќе плати за дефанзивецот 48 милиони евра без бонуси. „Трансфермаркт“ го проценува на 30 милиони евра.

Денеска на „Сантијаго Бернабеу“ беше официјално претставен напаѓачот Лука Јовиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска