Фергусон: Ливерпул ќе ја освои титулата во Премиер лигата

Од:

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон верува дека Ливерпул ќе ја освои титулата оваа сезона.

Причината лежи во фактот дека „црвените ѓаволи“ ќе земат нешто од дербито подоцна овој месец против Манчестер Сити – ривал на „црвените“ за првата позиција во Премиер Лигата.

За позицијата на Сер Алекс Фергусон потврди поранешниот играч Џонатан Волтерс за „Би-Би-Си Радио“.

Ливерпул е лидер во рангот со два бода предност пред Манчестер Сити, но „граѓаните“ имаат меч помалку.

Манчестер Јунајтед се среќава со „небесно-сините“ на 24-ти април во натпреварот од 31 круг од Премиер лигата. Токму овој натпревар може да биде клучен за битката за титулата.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ