Фереро и официјално се повлече

Од:

Некогашниот прв тенисер во светот Хуан Карлос Фереро се пензионира по поразот од Николас Алмагро на турнирот во Валенсија.

„Ова беше посебна и многу емотивна недела за мене. Кога ја видов ждрепката не бев среќен затоа што не сакав да играм против Алмагро кој ми е најдобар пријател. Сепак од друга страна последниот меч во кариерата го одиграв против важна личност во мојот живот“, изјави Фереро, кој го најави своето повлекување на средината на септември.

„Постои шанска, следната година да патувам со Николас на некои турнири, можеби и како тренер“, рече Фереро.

„Отсекогаш сум бил победник, натпреварувачки настроен и едноставно почувствував дека тоа повеќе го немам во мене. Потребно е многу труд за да држам чеко со нивото на играта во моментов. Веројатно можев да играм уште некое време, но отсекогаш сум бил перфекциониста и затоа сакав сега да престанам“, обајснува Фереро зошто се повлекува од тенисот.

Фереро има 32 години, од турнирите во кариерата заработил скоро 14 милиони долари и освоил вкупно 16 тиутули. Во 2003-та беше шампион на Ролан Гарос и финалист на US Open, како и прв на АТП листата.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ