Богатите купувачи се навикнати производителите на скапоцени суперавтомобили да им ја исполнуваат секоја желба во поглед на бојата на возилото. „Ферари“ одлучно кажа „не“ за розовата боја на своите автомобили.
Речиси една третина од испорачаните автомобили сп брендот „Ферари“ се фарбани во црвена боја, што не е некое изненадување. Другите популарни нијанси, кога станува збор за овој производител, повторно се очекувани: сребрена, црна и бела.
Иако на купувачите им остава можност да ја изберат бојата на моделот што го сакаат, „Ферари“ и натаму одбива да им удоволува кога станува збвор за барањето за розова боја.
Директорот на „Ферари“ за Австралија, Херберт Аплер, неодамна ја објасни причината за таквата одлука.
– Да бидам целосно отворен, розовата боја едноставно не се вклопува во тоа што ја прави суштината на брендот „Ферари“. Тоа е правило на компанијата. Не сакаме на улиците да имамем Покемон „Ферари“. Исто така, постојат уште некои убави бои, што можеби ќе одговараат на други марки автомобили, но, не се вклопуваат со ДНК-ата на „Ферари“. рече Аплерот.
Сепак, тоа што „Ферари“ одбива да ги фарба автомобилите во розова боја, не значи дека екстравагантните сопственици не можат дополнително да ги исфарбаат по своја желба. За разлика од автомобилот, добриот вкус не може да се купи со пари.