Ферари ќе се жали за казната на Фетел

Од:

Ферари ќе ја оспори казната на својот пилот, Себастијан Фетел, на канадскиот Гранд При поради која победата му беше доделена на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Италијанскиот тим има рок од 96 часа по завршување на трката да поднесе жалба.

Германецот заврши прв, но поради казна од пет секунди победата му ја отстапи на Хамилтон. Фетел беше казнет за небезбедно враќање на патеката по излетувањето, при што речиси го исфрли во заштитната ограда Хамилтон.

По завршувањето на трката Фетел не го донесе болидот на предвиденото место, се обиде да оди кај судиите и ја пропушти постапката за интервју по завршувањето. Германците беше вратен на подиумот, а во меѓувреме тој отиде кај победничките болиди и го врати знакот со бројот 2 кај мерцедесот на Хамилтон, а на слободниот простор каде што требаше да биде паркиран неговиот болид го постави знакот со број 1.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона