Феран Торес во Барселона за 55 милиони евра

Од:

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона се согласи да му плати на англискиот шампион Манчестер сити 55 милиони евра за услугите на напаѓачот Феран Торес, јавија вечерва британските медиуми.

Во сезоната 2020/21 шпанскиот напаѓач постигна 16 голови во 43 настапи за Манчестер сити со кој го освои англиското првенство и Лига купот и стигна до финалето во Лигата на шампиони, откако една година претходно се пресели во Премиер лигата од редовите на Валенсија за сума 20 милиони евра.

Дваесетиедногодишниот Торес оваа сезона не е на истото ниво и повеќе од два месеци отсуствуваше од терените поради фрактура на стапалото.

Барселона во Торес се надева дека ќе го најде толку посакуваното засилување во нападот, откако минатата недела остана без Аргентинецот Серхио Агуеро, кој поради здравствени проблеми стави крај на кариерата.

Каталонскиот клуб сезонава доживеа елиминација од групната фаза во Лигата на шампиони, а во Ла Лига е дури седмопласиран на табелата по 18 одиграни кола.

Би можело да ве интересира

Скаути на Барселона го гледале Мукоко

ВИДЕО: Турист нападнат од крадци со нож, тепачка и брканици сред Барселона

Предраг Петровиќ

Во судар на возови кај Барселона еден загинат и 85 повредени патници

А1он

Барселона го продолжи договорот со Јумтити до 2026 година

А1он

Нови случаи на коронавирус во Барселона, Чави нема на располагање ниту 11 фудбалери

А1он

Феран Торес стана најскап фудбалер во историјата на Барселона

А1он