Фенингер најдобра во Офтершванг

Од:

Австријката, Ана Фенингер е победничка на претпоследниот велеслалом од Светскиот куп во женска конкуренција што се возеше на патеката во германскиот зимски центар Офтершванг.

По првото возење Фенингер беше лидер а со одличен втор настап таа го потврди триумфот и со вкупно време од 2 минути 29 секунди и 39 стоти дела од секундата стигна до третиот триумф сезонава или четврти вкупно во кариерата.

Втората позиција ја освои Тина Мазе додека трета беше актуелната олимписка шампионка во оваа дисциплина, Викторија Ребензбург од Германија.

Мазе одамна го обезбеди малиот кристален глобус во велеслалом, а скијачката од Словенија уште пред стартот на завршницата од сезоната е победничка во Светскиот куп за 2013 година.

На патеката во Офтершванг утре ќе се вози трката во слалом.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ