Фелаини официјално уште две години во Манчестер Јунајтед

Од:

Договорот на белгискиот фудбалер Мауран Фелаини со Манчестер Јунајтед истекуваше утре, но раководството на клубот во последен момент успеа да го убеди да остане на „Олд трафорд“.

Иако Фелаини пропушти голем дел од сезоната, сепак тренерот на Јунајтед, Жозе Мурињо, одлучи да го задржи белгискиот фудбалер.

– Би сакал да му се заблагодарам на Мурињо, бидејќи секогаш имаше доверба во мене, истакна по потпишувањето на новиот договор Фелаини.

Тој со Јунајтед потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на соработката.

– Среќен сум што останува кај нас. Верував дека има желба да остане тука, наведе Мурињо.

Фелаини во Јунајтед дојде од Евертон, а меѓу клубовите кои се интересираа за негов ангажман беше и Милан.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска