Федерер веќе има дубл комбинација за ОИ 2021?

Од:

Нема тенис, прашање е кога повторно ќе се игра во најдобро издание, но се прават некои планови за иднината. Додека тенисерите се заинтересирани за помали, егзибициски и локални турнири, Роџер Федерер нема да биде наскоро на теренот.

Тој истакна дека не тренира, затоа што во моментот не му треба, но очигледно размислува за тенис. Тоа се дозна од Белинда Бенчиќ, швајцарската тенисерка.

Дубл партнерката на Федерер на „Хомпан Купот“ објави дека двајцата би можеле да ја претставуваат Швајцарија на Олимписките игри во Токио. Планот е да се обиде да освои еден од медалите во микс тогаш!

„Се надевам. Ако се оди според планот, ќе бидам исклучително среќна затоа што можам да играм со Роџер“, истакна Бенчиќ, која веќе беше партнер на Федерер на теренот.

Претходната сезона беше најдобра во нејзината кариера, бидејќи освои неколку трофеи, играше во полуфиналето на УС Опен и стигна до завршниот Мастерс. Не можеше да ги продолжи добрите резултати поради пандемијата од коронавирус оваа сезона, но може да го „нападне“ олимпискиот медал следното лето во Јапонија.

За потсетување, Роџер Федерер нема олимписко злато во сингл, но тој освои злато во двојки заедно со Стен Вавринка. Покрај тоа, тој има сребрен медал во поединечна конкуренција, така што следните Олимписки игри се последната шанса за подобрување на резултатот.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ