Федерер се повлече од четвртфиналето во Рим

Од:

Носителот на 20 Гренд слем титули, Роџер Федерер, се откажа од учество во четвртфиналето на тенискиот турнир во Рим.

Маестро требаше да излезе на теренот против Стефанос Циципас, но повредата во десната нога го спречи. Така, Гркот се рангира без игра во полуфиналето и ќе го очекува победникот од дуелот меѓу Рафаел Надал и Фернандо Вердаско.

– Јас сум разочаран што денес нема да можам да играм. Рим отсекогаш бил мој омилен град за посета и се надевам дека ќе се вратам следната година, се вели во официјалното соопштение на Федерер.

По втор пат оваа сезона, поради напуштањето на еден од тенисерите, навивачите се лишени од можноста да го гледаат шоуто Федерер – Надал. Во Индијан Велс непосредно пред натпреварот меѓу нив поради повреда се повлече Шпанецот.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ против Надал во финалето во Рим

Шампионот на Рим рано го напушта турнирот

Татјана Ташкова

Серена Вилијамс повторно се откажа од турнир

Татјана Ташкова

Серена се враќа во игра во Рим