Федерер: Рафа ќе влезе во историјата како можеби најголемиот играч на сите времиња

Од:

Третиот рекет на светот Роџер Федерер зборуваше за неговите впечатоци од сезоната во која заврши со голем подем на Рафаел Надал.

– Тој е одличен човек, одличен играч. Кој би помислил дека 11 години откако Рафа првпат станал број 1, тој повторно ќе ја заврши годината како лидер на рејтингот. Сите велеа дека поради повредата нема да успее, нема во вистинско времеда биде во форма, а неговиот тенис беше премногу тежок. Но успеа да помине уште една неверојатна сезона, да освои два Грен слема, сега има 19 титули, изјави Федерер.

Уживав да играм со него на Лавер купот во Прага и Женева. Научив многу од него, тој е одличен шампион и одличен тенисер. Мило ми е што можеме да играме едни со други, нашите битки на Вимблдон, Ролан Гарос и Австралија беа неверојатни. Тој ќе замине во историјата како можеби најголемиот играч на сите времиња, прогнозира Федерер.

Би можело да ве интересира

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Надал се повлече од Австралија Опен

Надал во четвртфиналето на Бризбејн

Надал изјави дека постои можност 2024 година да биде последна во неговата играчка кариера

Надал: Во наредните денови ќе објавам кога ќе се вратам на теренот

Надал: Нема да освојам повеќе Грен слемови од Новак Ѓоковиќ

Горан Наумовски