Федерер: Новак е мојот фаворит

Од:

Швајцарецот Роџер Федерер изјави дека Новак Ѓоковиќ го заслужува епитетот „фаворит“ на последниот Грен слем сезонава.

Федерер на стартот на US Open без проблем го победи Доналд Јанг со  6:3, 6:2, 6:4.

„И понатаму мислам декa Новак е фаворит овде“, изјави Федерер по првата победа во Њујорк.

„Тој е бранител на титулата, освои повеќе титули од останатите играчи на тврда подлога минатата година, а исто така ме победи овде во последните две години“, додаде Швајцарецот.

Федерер беше исклучително задоволен по победата во првото коло.

„Мислам дека ова е добар старт во исклучителнo тешки услови“, рече Федерер и додаде „Доналд е  талентиран тенисер, никогаш претходно не сум играл против него и задоволен сум“.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ