Федерер може да го пропушти „Мастерсот“ во Париз

Од:

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер може да го пропушти најновиот „Мастерс“ турнир во Париз, кој започнува на 28 октомври.

Турнирот на тврди подлоги во „Берси“ не е вклучена во календарот на Федерер на неговата официјална страница.

Минатата сезона Швајцарецот стигна до полуфиналето во француската престолнина, каде драматично загуби од Србинот Новак Ѓоковиќ со 6:7 (6), 7:5, 6:7 (3). 38-годишниот Федерер вчера во својата професионална кариера го одигра натпреварот број 1.500, запишувајќи ја својата 1232-та победа (6:2, 6:1) над квалификантот Питер Гојовчик (Германија) во првото коло од турнирот во Базел.

Тој призна дека неговото учество во Париз е неизвесно, бидејќи сака да се подготви за завршниот АТП турнир во Лондон од 10 до 17 ноември.

„Базел и Лондон се поважни, но сепак сакам да играм во Париз. Минатата година во „Берси“ и оваа сезона на „Ролан Гарос“ беше фантастична. Но, во оваа фаза не знам дали ќе играм во „Берси“. Треба да постапувам паметно, да судам според мојата физичка состојба“, додаде тој.

Дваесет-кратниот освојувач на Гренд слем турнири, Федерер е вториот тенисер кој стигна до 1.500 натпревари по Џими Конорс (САД), кој ја заврши кариерата со 1.556 настапи.

Швајцарецот има вкупно 102 титули, од кои 9 се дома во Базел, каде тој веќе е во серија од 21 последователна победа.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ