Федерер ќе игра на „Роланд Гарос“

Од:

Рожер Федерер потврди дека ќе настапи на „Роланд Гарос“.

Во интервју за „Тенис Чанел“, Швајцарецот потврди дека се пријавил за вториот Гред слем турнир сезонава, демантирајќи ги гласините дека нема да игра на земјени терени.

Швајцарецот потенцира дека тоа ќе го стори пред се за тениската публика и неговите „фанови“ без разлика дали ќе успее да се вмеша во борбата за титулата, за која фаворитската улога им ја препушта на Надал и Ѓоковиќ.

– Рафа е фаворит. Тој е многу добар на земја, а тоа уште еднаш го потврди со триумфите на турнирите во Монте Карло и Барселона. Новак минатата година беше шампион во Париз, па токму затоа сметам дека заедно со Надал се главни фаворити за трофејот, изјави Федерер кој во Париз ќе атакува на 19-тиот Грен слем трофеј.

Отвореното првенство на Франција ќе започне на 28 мај.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ