Федерер: Јас сум единствениот кој мисли дека е време АТП и ВТА да се обединат

Од:

Поранешниот прв рекет на светот Роџер Федерер зборуваше за потребата од обединување на АТП и ВТА.

dobivaj vesti na viber

– Интересно … Јас сум единствениот кој мисли дека треба машкиот и женскиот тенис да се обедини? Не зборувам за мешани натпревари, туку за унија на двете управни тела (АТП и ВТА), кои ги контролираат машките и женските професионални турнири.

Веројатно, ова требаше да се случи пред многу време, но сега, можеби, е време. Сите спортови минуваат низ тешки времиња, а на крајот ќе имаме две ослабени организации или една силна, изјави Федерер.

На ова контроверзниот тенисер Ник Кириос одговори: „Да“, без да прецизира дали го подджува Федерер или затоа што верува дека Швајцарецот е единствениот во ова размислување.

Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза напиша: „Да, добра идеја“.

Симоне Халеп: „Вие не сте единствениот“.

Еден од тениските фанови коментираше: Би сакал АТП и ВТА да се обединат, да не се нервираме дека има два посебни канали што емитуваат машки (Тенис ТВ) и женски тенис“ (ВТА ТВ). ”

На оваа констатација Федерер потврди: „Се согласувам, сè е премногу збунувачко за навивачите: различни системи за оценување, различни логоа, страници, категории на турнири“.

Би можело да ве интересира

АТП го казни Вимблдон поради руските и белоруските тенисери

Предраг Петровиќ

Федерер ќе игра на домашниот турнир во Базел во октомври

А1он

Федерер ќе го пропушти Австралија опен 2022

Ана Ололовска

Федерер излегува од Топ 10 за прв пат од јануари 2017 година

Ана Ололовска

Соборен рекордот на Федерер според бројот на Мастерс настапи

Ана Ололовска

Зверев: Мило ми е што АТП започна истрага за обвинувањата против мене, подолго време барав да го сторат тоа

Ана Ололовска