Федерер ја продолжи доминацијата во Хале

Од:

Швајцарецот Рожер Федерер триумфираше на турнирот во германскиот град Хале.

Тој во финалето во два сета го совлада Колумбиецот Алехандро Фаља со 7:6 (7:2) и 7:6 (7:3). Турнирот во Хале се играше за награден фонд од 711.000 евра.

За Федерер ова беше седма победа во Хале, 14-та на тревната подлога или вкупно 79-та турнирска победа.

Во текот на мечот Федерер успеваше да ги искористи своите брејк шанси, а притоа спаси три од петте брејка што ги имаше противникот.

Федерер во Хале ќе игра во финалето на турнирот во двојки.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен