Федерер: Има уште работи што сакам да ги постигнам

Од:

Ако на некој во светот на машкиот тенис му одговара неколкумесечната пауза и прилично неизвесното продолжување на тековната сезона, тогаш тоа е Роџер Федерер, затоа што тој претходно имаше здравствени проблеми, така што не играњето на турнири не го уништува неговите биланс на поени и не го спушта од четвртото место на АТП листата. Иако наскоро ќе наполни 39 години, Швајцарецот вели дека сè уште има намера да игра.

– Јас работам на мојата рехабилитација и мојата цел е да бидам 100 проценти подготвен во декември или јануари, за да можам да се натпреварувам во текот на целата 2021 година – вели легендарниот Швајцарец, очигледно решен да го одложи пензионирањето барем уште 12 месеци.

Освојувачот на рекордни 20 гренд слем титули тврди дека не му е гајле кога, против кого и каде ќе го одигра последниот натпревар, иако му е потешко да се избори за силни турнири и веќе некое време е во сенка на двата вечни ривали – Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

– Сè уште има работи што сакам да ги направам. Оваа година ќе наполнам 39 години, следната година 40. Лудо е кога ќе помислам дека патувам на турнејата повеќе од 23 години. Се се случи многу брзо. Уживав во тоа и сега ми се чини дека јуниорските турнири беа пред пет години, а всушност беа пред 25 години. Среќен сум што сè уште имам страст за тенис – објаснува Федерер.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ