Федерер елиминиран од Шангај

Од:

Гаел Монфис направи големо изненадување на турнирот во Шангај откако денеска го совлада поранешниот најдобар светски играч Рожер Федерер и се пласира во четвртфиналето на турнирот.

Французинот го доби првиот сет со 6:4, а потоа Федерер изедначи откако го доби тај брекот со 7:6 (7:5). Во решавачкиот сет беше 6:3 за Монфис. Ова е втора победа за Монфис во меѓусебните мечеви со Федерер.

Во четвртфиналето Монфис ќе игра со Новак Ѓоковиќ, кој со 6:3 во двата сета го победи Фабио Фоњини.

Изненадување направи и Флоријан Маер со победа од 2-0 (6:4 и 6:3) над Давид Ферер и ќе игра во следната рунда против Жо Вилфред Цонга.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен