Федерер до новинар: Не ти е прв работен ден, за да ме прашуваш за силните страни на Надал

Од:

Швајцарската тениска легенда, Роџер Федерер, се вознемири од новинарското прашање по неговата победа во четвртфиналето на „Вимблдон“.

Во полуфиналниот дуел, тој ќе се соочи со својот голем ривал Рафаел Надал во едно од најголемите ривалства во машкиот тенис во последните 15 години.

Рафа победувал 24 пати, а Роџер – 15. За последен пат се сретнаа во полуфиналето на „Ролан Гарос“, а Шпанецот победи лесно со 6:3, 6:4, 6:2.

Прашањето што го предизвика ироничниот одговор на Федерер беше: „Кои силни страни на Надал се негов главен проблем во нивните меѓусебни средби?“

„Вие не сте прв ден на работа. Знаете сè за Рафа, како и јас. Јас не гледам смисла да ги набројувам неговите предности и слабости. Во последниве години тој значително ја подобри својата игра на трева. Веќе сервира на поинаков начин, има малку врска со минатото. Сега тој добива многу лесни поени со својот прв сервис. Не сме се сретнале на трева долго време и ќе биде интересно, рече Федерер.

Тие последен пат се сретнаа во финалето на „Ол Ингланд Клаб“ во 2008 година, а Матадорот запиша незаборавна победа од 6:4, 6:4, 6:7 (5), 6:7 (8), 9:7.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари