Фан уапсен за расистички навреди во дербито на Манчестер

Од:

Поддржувач на Манчестер Сити беше уапсен за расистички гестови и скандирање за време на дербито во Премиер лигата против Манчестер Јунајтед синоќа на стадионот „Етихад“.

Телевизиските камери го фатија фанот како упатува навредливи гестови и зборови до фудбалерот на градскиот ривал Фред во победата од 2:1 на Јунајтед.

Фред, исто така, беше погоден барем еднаш од предмети при исполнување на удар од аголот.

– 41-годишен маж е уапсен под сомнение за расистички навреди на јавно место и останува во притвор за испрашување, соопшти полицијата на Манчестер.

Претставниците на Манчестер Сити прогласија „нулта толеранција“ за каква било форма на дискриминација, а на секој што ќе биде прогласен за виновен за ова, ќе му биде доживотно одземено правото да присуствува на тимските натпревари.

И Фудбалската асоцијација на Англија ги истражува инцидентите.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска