Фалкао за интересот на Милан: За мене е чест што ме сака таков клуб

Од:

Колумбискиот напаѓач, Радамел Фалкао изјави дека е „вистинска чест“ што еден клуб како Милан е заинтересиран за него. Во последните неколку дена се шпекулира дека најдобриот стрелец на Монако е варијанта за преминување кај „росонерите“.

– Читав и слушнав за интересот на Милан за мене. Голема чест е што еден клуб како Милан ме следи. Следам што се случува во италијанскиот фудбал и знам дека Милан е втор најуспешен клуб во Лигата на шампионите. Во моментов, сепак, имам договор со Монако, а јас се фокусирам на настапот со клубот и Колумбија, рече напаѓачот на тимот од Кнежеството.

Би можело да ве интересира

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

Ново засилување во Милан

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Голманот колабира пред мечот на гигантите, телевизискиот пренос прекинат

Предраг Петровиќ

Милан има нов напаѓач

Предраг Петровиќ

Милан за Калулу издвои 1,3 милиони евра, ќе го продаде за 50 пати поголема сума

Милан подготвиле нов договор за Жиру