Европските шампионки Србинките поразени на стартот на Евробскетот

Од:

Кошаркарките на Србија со пораз го започнаа својот настап на Европско првенство кое од денеска па се до 25 јуни ќе се одржува во Чешка.

Бранителот на златото од пред две години Србија загуби во натпреварот од 1.коло од Грција, додека од останатите фаворитки кошаркарките на Италија со 20 поени разлика ја совладаа Белорусија, а Русија беше подобра од Летонија.

Покрај мечот Србија – Грција 60-69, досега се одиграа и средбите: Белгија – Црна Гора 66-64, Белорусија – Италија 60-80, Летонија – Русија 59-71, Турција – Словачка 69-58 и Украина – Чешка 59-47, додека 1.коло ќе биде комплетирано вечерва со средбите Унгарија – Шпанија и Словенија – Франција.

Инаку 16-те селекции се поделени во четири групи, од кои првопласираните директно ќе обезбедат место во полуфиналето, а второ и трето рангираните репрезентации од групната фаза ќе играат во четвртфиналната рунда.

Би можело да ве интересира

Полјаците ги „спакуваа“ Дончиќ и Словенците!

Фонтекио „трагичар“ на Италија, Французите во полуфинале на Евробаскетот

Ниту Јокиќ не е доволен – Италијанците ги „нокаутираа“ првите фаворити Србија!

Црногорците преку Грузија со осминафинален билет на Евробаскет

Литванците со триумф над БиХ се протнаа во осминафиналето на Евробаскет

Заврши Евробаскетот за Адам Ханга