Европскиот шампион елиминиран

Од:

Екипата на европскиот шампион, Челзи е елиминирана уште во групната фаза од најелитното фудбалско натпреварување на Стариот континент.

Залудна беше победата од 6:1 над Нордсјеланд, кога Јувентус славеше во Доњецк против Шахтјор со 1:0, и така ја обезбеди првата позиција во групата.

Екипата на Челси стана првиот актуелен шампион кој испаднал уште во групната фаза.

Селтик успеа да слави со 2:1 против Спартак Москва, победничкиот гол го постигна Комонс од пенал на осум минути пред крајот, со што шкотскиот тим ги продолжува натпреварите во ЛШ. А Барселона одигра во нивна корист, не загуби од Бенфика, односно натпреварот заврши 0:0.

Брага и Галасарај одиграа 1:2. Брага поведе во првото полувреме со голот на Мосоро, а турскиот тим откакдо дозна дека Клуж води и може да испадне, во вториот дел двапати ја погоди мрежата на домашните, за целосен пресврт и победа од 1:2 и пласман во осминафиналето.

Резултати Лига шампиони
Група Е: Шахтјор – Јувентус 0-1, Челси – Нордсјеланд 6-1
Табела: Јувентус 12, Шахтјор 10, Челси 10, Нордсјеланд 1.

Група Ф: Баерн Минхен – Бате Борисов 4-1, Лил – Валенсија 0-1.
Табела: Баерн Минхен 13, Валенсија 13, Бате 6, Лил 3.

Група Г: Барселона – Бенфика 0-0, Селтик – Спартак М. 2-1.
Табела: Барселона 13, Селтик 10, Бенфика 8, Спартак 3.

Група Х: Манчестер ј. – Клуж 0-1, Брага – Галатасарај 1-2
Табела: Манчестер ј. 12, Галатасарај 10, Клуж 10, Брага 3.

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска