Европа ќе добие нов фудбалски клупски шампион

Од:

По одигрувањето на последните осум натпревари од групната фаза во фудбалската Лига на шампиони, сигурно е дека актуелниот првак Челзи нема да има можност да ја брани титулата, бидејќи не успеа да се пласира во следната фаза.

Иако „сините“ од Лондон остварија убедлив триумф против Нордсјиланд, нив не им одеше во прилог резултатот на средбата во Доњецк, каде Јувентус го совлада домаќинот Шахтјор, па Челзи е елиминиран уште во групната фаза.

Освен Јувентус, синоќа последната шанса за пласман во осминафиналето ја искористија Селтик и Галатасарај.

Постигнати резултати во 6.коло од ЛШ во групите Е, Ф, Г и Х.

Група Е: Шахтјор – Јувентус 0:1 и Челзи – Нордсјиланд 6:1.
Табела: Јувентус 12 бодови, Шахтјор 10, Челзи 10, Нордсјиланд 1.

Група Ф: Лил – Валенсија 0:1 и Баерн – БАТЕ Борисов 4:1.
Табела: Баерн Минхен 13 бодови, Валенсија 13, БАТЕ Борисов 6, Лил 3.

Група Г: Селтик – Спартак Москва 2:1 и Барселона – Бенфика 0:0.
Табела: Барселона 13 бодови, Селтик 10, Бенфика 8, Спартак Москва 3.

Група Д: Манчестер Јунајтед – Клуж 0:1 и Брага – Галатасарај 1:2.
Табела: Манчестер Јунајтед 12 бодови, Галатасарај 10, Клуж 10, Брага 3.

Во осминафиналната рунда од овие четири групи се пласираа: Јувентус, Шахтјор, Баерн Минхен, Валенсија, Барселона, Селтик, Манчестер Јунајтед и Галатасарај.

Третопласираните Челзи, БАТЕ Борисов, Бенфика и Клуж ќе играат во Лига Европа.

Би можело да ве интересира

Чех го оквалификува Атлетико како тежок противник за Челзи во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

Нагелсман ги сака Реал или Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите

Ана Ололовска

Англија и Шпанија со најмногу екипи во плејофот од евро-куповите

Ана Ололовска

Барнс за романскиот судија: Како требаше да каже за тренерот освен црниот? Нема расизам во ова!

Ана Ололовска

Куман: Барселона загуби од Јуве во првиот половина час, изгледаше дека излеговме да играме за реми

Ана Ололовска

Солскјер: Не заслужуваме да се пласираме во плејофот во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

Leave a Comment

four + 8 =