Евролига: Барселона го порази шампионот Реал во „Ел Класико“

Од:

Во шпанското дерби од 24-тата рунда на Евролигата, Барселона го порази шампионот од минатата сезона, Реал Мадрид со 77:70.

Каталонците остварија четврта победа по ред и се петти во пласманот со 15-9, додека Реал е трет во 18-6.

Пред почетокот на натпреварот, му беше оддадена чест на легендата на клубот, Хуан Карлос Наваро, кој играше за Барселона помеѓу 1997 и 2018 година. На специјалната церемонија, беше повлечен дресот со бр.11, кој Наваро го носеше кај Каталонците.

За победниците најпрецизен беше Тома Јуртел со 17 поени и 10 асистенции, а Анте Томиќ додаде 22 поени и 13 скокови.

За Реал Руди Фернандез постигна 15 поени, а Ентони Рандолф додаде 12.

Резултати од Евролига:

Будучност (Црна Гора) – Баерн Минхен (Германија) 75:89
Олимпијакос (Грција) – ЦСКА Москва (Русија) 81:97
Барселона (Шпанија) – Реал Мадрид (Шпанија) 77:70.

Би можело да ве интересира

ЦСКА му понуди нов договор на Итудис

Ана Ололовска

Итудис подготвен да го продолжи договорот со ЦСКА

Ана Ололовска

Клајберн прогласен за МВП на „Фајнал фор“ во Евролигата

Ана Ололовска

Тренерот на Ефес ги спореди учесниците на Ф4 со најдобрите НБА-лигаши

Ана Ололовска

Евролига: ЦСКА го детронира Реал Мадрид по неверојатен пресврт

Ана Ололовска

Ефес го победи Фенербахче и се пласираше во финалето на Евролигата