Евробаскет: Дамjан Стојановски пред сите!

Од:

Специјализираниот сајт за кошарка „Евробаскет“ ги одбра најдобрите во македонското првенство за изминатата сезона.

Дамјан Стојановски, репрезентативецот на Македонија од редовите на МЗТ Скопје Аеродром е најдобриот кошаркар кој настапува во Првата лига.

Бекот на „штрковите“ е најдобриот домашен и играч на годината во макеоднската Прва лига. Со две номинации е и српскиот интернационалец Ѓорѓе Џелетовиќ. Кошаркарот на Гостивар е избран за центар на годината, како и „Босман“ играч на годината (играчи кои не потекнуваат од САД).

Кошаркарот на Кожув, Еван Пејн е најдобриот на бековската позиција, а Двејн Бенџамин од Работнички, е крило на годината во нашата елитна конкуренција.

Неговиот соиграч од Работнички, Марјан Младеновиќ е најдобриот дефанзивец, а Ѓорѓи Кочов од МЗТ Скопје Аеродром, најдобриот тренер во сезоната.

„Евробаскет“ ја одбра и најдобрата домашна петорка во која се најде место за Марјан Младеновиќ (Работнички), Адем Мекиќ (Пелистер), Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје), Марјан Јанески (Куманово) и Бојан Крстевски (МЗТ Скопје А).

Најдобра странска петорка: Еван Пејн (Кожув), Донован Доналдсон (Гостивар), Хејден Лесколт (Работнички), Двејн Бенџамин (Работнички), Алекс Лонг (Академија ФМП).

Би можело да ве интересира

Карачиќ ќе се обиде да го надополни отсуството на повредените Крстевски и Маслинко

Ана Ололовска

МЗТ Скопје побара итно свикување Собрание на АБА за прием во елитата

Ана Ололовска

Лука Савичевиќ нов играч на МЗТ Скопје

Ана Ололовска

МЗТ потпиша со Американецот Тодрик Гочер, бек-шутер кој доаѓа од Бешикташ

Жарко Настоски

Американец од Бешикташ го комплетира ростерот на МЗТ Скопје за новата сезона

Ана Ололовска

МЗТ потпиша со Американецот Гравет

Ана Ололовска