Еурофарм Работник ќе почека за својата прва победа во ЛШ

Од:

Екипата на Еурофарм Работник, претрпе наивен пораз на гостувањето кај младиот состав на Савехоф во Шведска, и загуби со 24:25 (15:10) во меч од второто коло од Лигата на шампионите во ракомет.

Битолскиот тим не знаеше како да го докрајчи противникот после предноста од 15:10 по првото полувреме. Сето тоа што се градеше во првите 30 минути, тимот на тренерот Стевче Алушевски го прокоцка за само 12 минути, кога Савехоф изедначи, а потоа и дојде во тесно водство, кое го задржа до самиот крај.

Јотиќ со 8 гола беше најефикасен кај Ерофарм Работник. По две кола во ЛШ, „фармацевтите“ имаат два порази. Следниот меч на битолчани во ЛШ е гостувањето кај шпанска Бидасоа на 29 септември.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска