Еурофарм Пелистер почна со победа во СЕХА лигата

Од:

Еурофарм Пелистер со победа тргна во регионалната ракометна СЕХА лига, откако вечерва триумфираше во Битола над Металопластика со 30:26 (12:14).

Македонскиот тим добро го отвори натпреварот, контролирајќи го резултатот до финишот на првото полувреме, кога гостите од Шабац со серија од 5:1 заминаа на пауза со предност од 14:12.

По десет минути игра во вториот дел, Еурофарм Пелистер го врати водството за 18:17 и влезе во последните 15 минути со предност од три голови разлика 26:23 што не ја испушти до самиот крај за стартна победа во СЕХА лигата.

Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше босанскиот интернационалец Јосип Периќ со осум голови, додека Хрватот Стипе Мандалиниќ постигна шест погодоци.

Следен противник на екипата од Битола ќе биде хрватскиот првак Загреб на 6 февруари следната година.

Би можело да ве интересира

Три земји поднесоа заедничка кандидатура за ракометното ЕП 2028

А1он

Еурофарм Пелистер го пречекува француски Ним на стартот на Европската лига

ЕХФ Куп: Македонските ракометарки поразени од Црна Гора

А1он

Еурофарм Пелистер ги дозна противниците за групната фаза во Лигата на Европа

Вардар подобар од Пелистер во првото големо дерби од Суперлигата

Близнаците Њокас нови ракометари на шампионот Вардар

А1он