Еурофарм Пелистер го освои ракометниот Супер Куп

Од:

Еурофарм Пелистер го освои годинешниот ракометен Супер Куп на Македонија откако вечерва го совлада Вардар со 31-22.

Вардар тргна подобро и на почетокот од натпреварот имаше предност, меѓутоа битолчани успеаја да останат во мала негатива која што на полувремето ја изедначија на 14-14.

Тимот од Битола имаше доминација и постојана висока предност во второто полувреме и со многуте одбрани на голманот Секељ успеа да дојде до убедливо водство кое ги однесе до победа.

Ова е прв трофеј за Еурофарм Пелистер со кој се прекинува долгогодишната традиција на Вардар како освојувач на Купот.

Натпреварот се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ а правдата ја делеа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Би можело да ве интересира

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ

Скандал-исчезнаа две ракометарки на Светското првенство

Предраг Петровиќ