ЕУРО ја доби својата Лариса Рикелме

Од:

На секое Европско или Светско првенство во прв план се исфрла некој фудбалер, херој или трагичар, меѓутоа во последно време и навивачка, која го одвлекува вниманието од случувањата на теренот.

Мундијалот во Јужна Африка ја имаше Лариса Рикелме, а ЕУРО 2012 ја доби Наталија Сивијец од Полска.

Убавата Наталија се појави на трибините на пресметката меѓу Полска и Русија, по што веднаш ги фрли во сенка сите нереди во Варшава кои му претходеа на мечот.

Сите љубители на фудбалот со нетрпение го чекаа следниот дуел на кодомаќинот, за да можат повторно да ги „плакнат“ очите, а Наталија не пропушти да им го овозможи тоа на дуелот Полска-Чешка.

Полските фудбалери успеаја да ја растажат бидејќи беа елиминирани, а сите по ова се надеваат дека Наталија ќе најде друга омлена селекција која што ќе ја бодри до крајот на шампионатот.

Ианку, Наталија Сивијец има 28 години и успешно се занимава со манекенство, а досега има украсено бројни насловни страници на магазини во својата родна земја.

Исклучително е позната во Полска, а веројатно по овие фотографии, тоа ќе важи и за целиот свет. Без оглед што повеќе ги нема Полјаците, сите се едногласни дека Наталија треба да продолжи да гледа фудбал на ЕУРО 2012.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жедната страна на ЕУРО 2012

Ана Ололовска

Балотели заслужува неколку шлаканици

Ана Ололовска

Шпанскиот крал ги пречека европските шампиони

Ана Ололовска

Пред натпреварот со Германија, Балотели ја чул најдобрата вест во животот!

Ана Ололовска

Бакнеж за насловна страна

Ана Ололовска

ФОТО: Како се славеше победата на Шпанија

Ана Ололовска