Естонија го премести мечот со Чешка на натурален терен поради коронавирус

Од:

Фудбалската репрезентација на Естонија ја откажа организацијата на натпреварот од мундијалските квалификации против Чешка на домашен терен поради рестрикциите поврзани со Ковид-19 и го закажа мечот на неутрален терен во Полска.

Фудбалската федерација на Чешка соопшти дека натпреварот што требаше да се игра в среда во Талин е преместен во полскиот град Лубин.

Чешките фудбалери кои играат во Бундеслигата, Јиржи Павленка, Партик Шик, Владимир Дарида и Павел Кадаребак ќе ги пропуштат следните два квалификациски натпревари, против Белгија на 27 март во Прага и против Велс три дена подоцна во Кардиф, откако нивните клубови побараа играчите по мечот во Полска да се вратат во Германија за веднаш да го почнат задолжителниот двонеделен карантин.

Би можело да ве интересира

Пенал по само пет секунди во африканските квалификации за СП 2022, најбрз во историјата

Ана Ололовска

Франција ја продолжи низата без победа, Данска со максимален ефект во мундијалските квалификации

Ана Ололовска

Само вакцинирани навивачи на Мундијалот 2022 во Катар

Ана Ололовска

ФИФА очекува над шест милијарди долари приход до Мундијалот во Катар

Ана Ололовска

Венгер се залага за Светско првенство на секои две години

Жарко Настоски

Ангеловски го објави списокот на фудбалери за почетокот на квалификациите за СП 2022

Ана Ололовска