Најдобриот играч на НБА тимот Њујорк Никс, Кармело Ентони откако на 1.јули статна „слободен агент“ се договори да ја продолжи соработката со својот досегашен клуб.
Ентони за петгодишниот договор ќе добие 129 милиони долари или во првата сезона 22,5 милиони. Со оваа сума тој ќе биде еден од петте најплатени кошаркари во лигата.
За услугите на овој кошаркар беа заинтересирани неколку тима.
Во својата кариера Ентони има играно во Денвер (осум сезони) и во Њујорк (четири сезони). Седум пати беше дел и од „Ол старс“ натпреварот во НБА. Со репрезентацијата на САД има три олимписки медали (две златни 2008 и 2012 година, една бронза 2004 година).