Енди Мареј и Серена Вилијамс се пријавија за „Ролан Гарос“

Од:

Американката Серена Вилијамс и Британецот Енди Мареј се пријавија за учество на вториот Гренд слем турнир во сезоната „Ролан Гарос“, објави „Еуроспорт“.

Британецот не играл од минатогодишниот „Вимблдон“ и се опоравува од операцијата на колкот.

Енди најави враќање на теренот во јуни на турнирот во Квинс, но тој сè уште не беше на листата на играчи за „Ролан Гарос“, кој започнува на 27-ми мај.

Од друга страна, тенисерката од САД полека се враќа на терен откако во септември роди ќерка.

Се шпекулираше дека освојувачката на 23 титули од „големата четворка“ ќе ја пропушти сезоната на земја, но таа исто така аплицираше за „Ролан Гарос“.

Отвореното првенство на Франција завршува на 10-ти јуни.

Трофејот во машкиот турнир ќе го брани Шпанецот Рафаел Надал, кој ќе се обиде по 11-ти пат да стане шампион во Париз, додека титулата кај дамите ќе ја брани латвијката Јелена Остапенко.