Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери пред реванш натпреварот со Реал Мадрид во Лигата на шампиони, нагласи дека и покрај поразот во Мадрид од 3:1 неговиот тим е подготвен да се соочи со најдобриот состав на „кралевите“.
Емери, иако нема да може да смета на Нејмар, откри дека Килијан Мбапе, Едисон Кавани и Марио Верати ќе бидат подготвени за натпреварот.
– Ди Марија е подготвен и мотивиран. Станува збор за Лига на шампионите. Верати, Мбапе и Кавани се подготвени и тренираа со екипата, нагласи шпанскиот стручњак.
Претходно беше потврдено дека тројцата повредени фудбалери на Реал Мадрид – Тони Крос, Лука Модриќ и Марсело ќе допатуваат во Париз.
– Сакам да играме против најдобриот Реал Мадрид. Ова ни е најважниот натпревар во сезоната, истака Емери.
Реванш натпреварот ќе се игра утре во Париз.