Емери: Мораме да им дадеме шанса на младите

Од:

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери имаше причина да биде задоволен по солидната победа од 4:0 над Стандард Лиеж во Лигата на Европа.

Менторот пушти неколку млади играчи во игра и тие не го разочараа. Габриел Мартинели ги даде првите два гола во мечот, а во листата на стрелците се запиша и Џо Вилкок.

Четвртиот гол беше на сметка на Дани Себаљос. Шпанецот рече дека верува оти такви можности треба да им се дадат на младите фудбалери и дека тие треба да ги искористат.

– Шест бода по два натпревари е важно и ни дава доверба. Покажавме постојаност во текот на 90 минути и можеме да извлечеме многу позитивни страни од овој натпревар. Одлично е кога играчите даваат се од себе, како што направија вечерва. Ова е фантастична победа. На моменти имавме проблеми да ја задржиме топката, но исто така успеавме да ја сочуваме мрежата чиста. Можеме да работиме на ова и да создадеме повеќе. Некои од играчите беа уморни бидејќи имавме натпревар во понеделникот, но тие играа одлично. Ние мора да им дадеме шанса на младите луѓе и тие мора да ги искористат. Тие се блиску да играат на највисоко ниво, рече Емери по мечот.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска