Тренерот на ПСЖ Унаи Емери го пофали целиот тим по убедливата победа над Баерн (3:0), посебно напаѓачкото трио Кавани-Нејмар-Мбапе.
– Тие тројца се фантастични, го уништуваат секој противник. Прикажуваме се подобри игри. Важно ни е што нашите навивачи уживаат. Ќе продолжиме да играме офанзивно, но секогаш нема да ни биде дозволено и ќе мора да се прилагодиме на ривалот. И одбраната не треба да се занемари која е одлична. Да не се прими гол од Баерн е голема работа, изјави предводникот на ПСЖ.
Францускиот тим во првите две рунди од ЛШ има две победи и максимални шест бода со осум постигнати и ниту еден примен гол.