Емери го одбил Евертон

Од:

Поранешниот менаџер на Арсенал, Унаи Емери, ја отфрли понудата за останување во Премиер Лигата. Според „Марка“, шпанскиот стратег добил предлог за преземање на Евертон, кој неодамна го отпушти Марко Силва. Емери имал неформална средба со раководството на „карамелите“, но на крајот не дошло до договор. Емери имаше и понуди од два кинески клуба, за кои исто така не бил заинтересиран. Тој сака да работи во тим кој ќе може да се бори за трофеи.

Поранешниот играч од средниот ред на Арсенал, Микел Артета, кој во моментов е асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, се појавува како фаворит за менаџерската позиција на Евертон. 37-годишниот Шпанец исто така беше во плановите на Арсенал по разделбата со Арсен Венгер. Артета помина 6,5 години како фудбалер на „Гудисон Парк“ и е почитуван од навивачите.

Газдите на клубот од Ливерпул имаат и други опции за функцијата. Една од нив е Карло Анчелоти, кој е слободен откако го напушти Наполи. Дејвид Мојс, исто така, може да се врати. Тој исто зборувал со луѓето во управата на „карамелите“.

Евертон е најде на 14-то место во пласманот со само 17 поени, но во последниот натпревар го совлада Челзи со 3:1. Утре екипата ќе гостува на Манчестер Јунајтед.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска