Емери: Џака може да се врати, навивачите ќе го пречекаат добро

Од:

Менторот на Арсенал, Унаи Емери изјави дека играчот од средниот ред Гранит Џака може да се врати во игра против Саутемптон следната сабота и да игра за прв пат, откако му беше одземен капитенската лента од натпреварот против Кристал Палас (2-2).

На средбата со тимот од Лондон, Џака се налути на навивачите додека го напушташе „Емирати“ како замена и почна да ги пцуе, а тие одговорија со силни свирежи. На швајцарскиот играч од средниот ред му беше одземена капитенската лента на „топџиите“, а беше објавено и дека Џака веќе не може да игра за клубот од Северен Лондон.

Сепак, пред локални медиуми Унаи Емери дека Швајцарецот има шанса да игра на натпреварот против Саутемптон.

– Неговата ментална состојба е подобра и тој може да игра кога ќе ни треба. Разговарав со него утрово и имав добар разговор. Тренираше многу добро за време на паузата на репрезентацијата. Мојата цел е тој да се врати и да ни помогне и да го убеди секој навивач дека неговиот настап е важен за клубот и тие можат да бидат горди на него. Ќе решиме дали тој ќе игра утре. Мислам дека едно враќање ќе му даде утеха. Кога ќе се сретне со навивачите, ќе биде добар момент и тој ќе стане посилен со нив, заврши Емери.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска