Елмас: Веруваме во позитивен резултат против Австрија

Од:

Репрезентативецот Елиф Елмас верува во добра игра и позитивен резултат на нашите фудбалери во понеделник против Австрија.

-Полска е веќе зад нас, покажавме одличен квалитет во играта и навистина штета што резултатот беше во нивна корист. Но, сега мораме да се фокусираме на Австрија. Апсолутно ги почитуваме Австријците и претходно рековме дека овие два натпревари против Полска и Австрија ќе бидат најтешки за нас, но сега сме во ситуација да бараме бодови и ќе направиме се што е во наша моќ тоа да го постигнеме, изјави Елмас.

Тој додаде дека нашата репрезентација мора да бара шанса за погодок, а нејзините играчи да бидат храбри, но и максимално внимателни. Изрази надеж дека во најмала рака ќе играат на нивото од претходниот натпревар со Полска, но овој пат тоа да се вреднува преку бодовите на табелата.

Македонската фудбалска репрезентација игра на 10 јуни во 20:45 часот против Австрија на Националната арена „Тодор Проески“, во рамки на квалификациите за ЕУРО 2020. Ова е прво гостување на Австрија.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска