Еклстоун: Ако Хамилтон оди во Ферари, Леклер ќе го победи

Од:

Берни Еклстон го советува Луис Хамилтон да ја напушти Формула 1 кон крајот на сезоната 2020 година, наместо да замине во Ферари, затоа што токму тука ќе биде поразен од Шарл Леклер. Шесткратниот светски шампион има договор до крајот на следната сезона и не е познато дали ќе преговара за нов. Луис се предомислува за оваа работа и на моменти изјави дека неговите планови ќе зависат од тоа дали Тото Волф ќе продолжи да биде шеф на тимот.

Ако Хамилтон го промени тимот, за него има само една логична можност: сонот на секој пилот на Ф1 – Ферари. Но, поранешниот сопственик на спортот, Берни Еклстон не смета дека тоа е добра идеја. Како прво, Берни се сомнева дека Мерцедес може да се повлечат на крајот на следната година.

– Имаше промени во раководството, а новите луѓе не се толку ентузијасти за Ф1 како што беа порано. Можеби размислуваат: „Ние освоивме седум титули“ – а тие ќе гонаправат тоа до тогаш -„па, за што да се залагаме повеќе?“ Да бев на местото на Луис, ќе освоев уште една титула и би заминал во пензија. Ако Леклер остане во Ферари, се обложувам дека ќе го победи Луис. Ферари е чудно место за работа. Луис не зборува италијански. Може да го уништат или да се заљубат во него, но не мислам дека тој може да направи добра работа за себе или за тимот, како што е случај во Мерцедес, смета Еклстоун.

Макс Верстапен исто така ќе го заврши својот договор до крајот на 2020 година, така што сигурно ќе биде во фокусот на Ферари.

– На нивно место, ако треба да бирам помеѓу Луис и Макс, ќе го земам Макс и тоа поради истата причина, поради која им се допаѓа Шарл. Со Фетел или Хамилтон, тие добиваат максимум уште 2-3 години, додека ако се обложат на младите, тие добиваат 10 години, додава легендарниот Британец.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он