ЕХФ Лига Европа: Еурофарм Пелистер убедливо поразен од Магдебург

Од:

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со 24:32 го загубија првиот натпревар од Магдебург во осмина-финалето од Европската ракометна лига.

Битолчани, вечерва на свој терен, без поддршка од публика и со преголем респект кон бундеслигашот, доживеаја висок и убедлив пораз кој беше навестен од самиот почеток на средбата кога гостите поведоа со 4:0 и на крајот славеа со осум голови – недостижна предност во пресрет на реванш натпреварот кој ќе се игра следниот вторник во Германија.

Ракометните професионалци од Битола честитаа за победата на гостите од Магдебург и посебно на најефикасниот играч на средбата Магнусон кој постигна 10 голови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Еурофарм Пелистер без Ојлески и без Атанасијевиќ на дуелот против Мотор

Данецот Кисум нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Пелистер го победи Мотор, на добар пат за осминафинале во Европската лига

Пелистер, едноставно, немаше сили против Фуксе