Една победа го дели МЗТ Скопје од осмата титула

Од:

Една победа ги дели кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром од освојување на осмиот шампионски трофеј, откако попладнево во Гевгелија го совладаа Еуро Никел со 95:91.

По овој триумф аеродромци поведоа со 2-0 во финалната серија од плејофот која се игра до три победи.

Најзаслужни за „брејкот“ се репрезентативците Бојан Крстевски кој постигна 22 поена и Андреј Магдевски со 20.

Во поразениот тим се истакна Роберт Рикиќ со 33 поени.

Следниот натпревар ќе се игра вo недела во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Остро го осудувам вчерашниот инцидент, во спортот нема простор за насилство и агресија

МЗТ Скопје го освои Купот на Македонија

Катерина Ѓуровски

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка