„Е-Голф“’ за 2017 доби повеќе сила и поголема автономија на возење

Од:

Рестилизираниот „ е-Голф“ со едно полнење на батеријата сега ќе може да мине и до 300 километри.

Покрај редизајнот, што е извршен според примерот на втората верзија на моделите од семејството „Голф“, групацијата „Фолксваген“ ги подобри и техичките карактеристики и перфомансите на „е-Голф“.

Место погонската батерија со капацитет од 24,2 киловатчасови, вградена е поголема од 35,8 киловатчасови. Благодарение на тоа, „е-Голф“ ја зголеми автономијата на возење, која според NEDC стандардите, сега изнесува 300 километри.

Со оглед на тоа дека проценките што ги изнесува NEDC вообичаено се малку пооптимистички бидејќи се однесуваат на идеалните услови во сообраќајот, се очекува дека електричниот „Голф“ во реални услови на возење без проблеми да минува по околу 200 километри, пред да се испразнат батериите.

„Е-Голф“ сега е стандардно опремен со нов Discover Pro мултимедијален систем со 9,2-инчен екран. Овој систем, меѓу другото, поддржува и гестикулативни команди.

Освен тоа, „Фолксваген“ (VW) ги унапреди и соддржините што се однесуваат на безбедноста во возењето. Електричниот „Голф“ е опремен со широк спектар на системи за асистенција, како што се „Front Assist“, „City Emergency Braking“ и „Pedestrian Monitoring“.

Во однос на верзијата пред редизајнот, електромоторот доби дополнителни 20 кс, па сега испорачува 136 кс (100 кW), а автомобилот од 0 до 100 километри на час забрзува за 9,6 секунди.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска