Ѕвездите на Тотенхем му се заблагодарија на Почетино

Од:

Фудбалерите на Тотенхем останале изненадени од неочекуваното отпуштање на менаџерот Маурисио Почетино, и побрзаа да му се заблагодарат за неговата работа.

– Шефе, јас секогаш ќе ви бидам благодарен што ми помогнавте да ги исполнам моите соништа. Имаме неверојатни сеќавања со вас во последните пет и пол години и никогаш нема да ги заборавам. Ти не беше само мојот менаџер, туку и мој пријател и ти благодарам. Среќно со вашите следни потфати, напиша стрелецот на тимот Хари Кејн.

Играчот од средниот ред Деле Али, исто така, не го криеше восхитувањето кон Почетино.

– Не можам да му се заблагодарам доволно на овој човек. Тој ме научи многу и секогаш ќе му бидам благодарен за сè што направи за мене, вели тој.

Велшкиот репрезентативец Бен Дејвис, кој дозна за отказот на Почетино веднаш по завршувањето на решавачкиот квалификациски натпревар со Унгарија, го сметаше потегот за многу изненадувачки.

– За мене е вистински шок. Тој направи неверојатна работа во последните пет години и штета е што го напушта клубот, посочува Дејвис.

Тотенхем не бараше долго заменик на Почетино, откако на негово место беше назначен Португалецот Жозе Мурињо.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска