Џордан нема дилеми: Кукоч е најдобар европски кошаркар

Од:

Тони Кукоч е најдобар европски кошаркар на сите времиња според Мајкл Џордан. Легендата на Чикаго Булс го истакна личниот избор по новинарско прашање за време на мечот меѓу Милвоки и Шарлот во Париз.

– Тони Кукоч е број еден. Сите знаеме зошто. Што се однесува до Петровиќ и Новцки, тие оставија длабока трага. За одговор на ова прашање е потребна повеќе од една прес конференција. Ќе мора да ја „прочешлам“ целата листа на големи играчи во НБА лигата, рече Џордан.

Новинарите побараа мислење и за споредбите меѓу него и Леброн Џејмс на што „летечкиот“ истакна дека тоа воопшто не ми пречи.

– Игравме во различни времиња. Неверојатен е, важи за еден од најдобрите во светот, па можеби и најдобар. Природно е да се прават споредби на играчи од различни ери и тоа ќе продолжи да се случува. Јас лично сум голем фан на Леброн и обожувам да го гледам, додаде сопственикот на Шарлот хорнетс.

Би можело да ве интересира

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа

Лејкерси го „прегазија“ ривалот, тргнаа по титулата

Предраг Петровиќ