Двоен удар за Наполи – ќе пропушти и Хамес и Фекир

Од:

Наполи е на пат да добие многу тежок удар по своите трансфер амбиции, бидејќи тимот е на пат да ги испушти како Хамес Родригез, така и Набил Фекир кој се појавуваше како алтернатива на колумбискиот ас, тврдат различни извори.

Родригез одамна е цел на тимот од Неапол, но нивната неспособност да се разберат со Реал (Мадрид) во пракса е на пат да го испрати халфот во Атлетико. Според „Хабла Депортес“ и новинарот на „Радио Карасол“, Хуан Салвадор Барсера, 28-годишниот фудбалер ќе стане играч на „јорганџиите“ до денови.

Тимот на Диего Симеоне го договорил за 40 милиони евра плус бонуси, и останува само Хамес да ги помине задолжителните медицински прегледи пред да го потпише својот договор со тимот.

Што се однесува до Фекир, пак, Мохамед Буфахси од „РМЦ Спорт“ тврди дека тој објавил пред својот шеф од Лион, Жан Мишел Ола дека сака тимот да се договори со шпанскиот Реал Бетис и тој да заигра во Ла Лига, иако е силно посакуван и од Наполи.

Би можело да ве интересира

Интер подготвен да испрати понуди понуда за купување на Милинковиќ-Савиќ

Ана Ололовска

Недвед: ЛШ е цел пред Јуве, но не сме опседнати со неа

Икарди ќе ги продолжи тренинзите со Интер

Барса отфрли понуда од Интер за Видал

Мацари: Не смее да се прават грешки против екипа која може да плати 40 милиони евра за играч

Ана Ололовска

Калиниќ се враќа во Италија

Ана Ололовска