Двајца дефанзивци аут за Јунајтед за дербито со Тотенхем

Од:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер потврди дека Фил Џонс и Аксел Туанзебе се единствените играчи кои имаат проблеми пред вечерашниот судир против Тотенхем. „Црвените ѓаволи“ ја продолжуваат својата кампања во Премиер лигата со посета на Северен Лондон.

Сепак, Пол Погба и Маркус Рашфорд целосно закрепнаа, што е одлична вест за Норвежанецот.

– Имаме двајца играчи – Фил Џонс и Аксел Туанзебе – кои ќе го пропуштат овој дуел [против Тотенхем]. Остатокот од тимот е без проблеми, рече Солскјер.

Ова го остава норвешкиот стратег со Ерик Баи, Виктор Линделоф и Хари Мегваер како опции за дефанзивата пред судирот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска