Два меча за Ѓорческа на фјучрсот во Шарм ел Шеик

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе одигра два меча на фјучрсот што се игра во Шарм ел Шеик во Египет, за награден фонд од 100.000 долари.

Нашата тенисерка во првиот меч од четвртфиналето ќе игра со Сара Сорибес Тормо, од Шпанија, која е 5. носителка.

Нејзината ривалка има 20 години и се наоѓа на 123. место на ВТА листата што е нејзин најдобар ранг во кариерата. Во оваа година Тормо има две победи на фјучрс турнири (Есен – 50.000 долари и Сао Паоло – 25.000 долари).

Почетокот на мечот е во 16 часот.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа со Романката Кристина Дину (втори носителки) во четвртфиналето ќе играат против Гуадалупе Перез Рохас (Аргентина) и Џил Тајчман (Швајцарија). Почетокот на овој меч нема да биде пред 18 часот, односно по времето за одмор што ќе го има Ѓорческа.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен