Дуелот Флензбург – Вардар прогласен за меч на неделата

Од:

Првиот четвртфинален натпревар од машката лига на шампионите меѓу Флензбург и Вардар од страна на ЕХФ е прогласен за меч на неделата. Средбата се игра на 22 април во 17:30 часот во Германија.

Ова значи дека истиот натпревар ќе биде пренесува на њњњ.ехфтв.цом со англиски коментар, и сите очи на ракометната Европа ќе бидат насочени кон оваа средба.

ЕХФ даде објаснување во врска со одлуката оваа средба да биде одредена за меч на неделата.

– Битката меѓу Флензбург и Вардар во четвртфиналето буди некои стари спомени од 2014 година, кога Флензбург го победи Вардар благодарение на повеќето голови на гости. Мечот ветува дека ќе биде интересен и двата тима се во одлична форма. По три години безуспешно обидување да се стигне до Ф4 турнирот, сега шансите никогаш не биле толку реални за Вардар. Македонскиот тим се соочува со Флензбург, екипа која им донесе многу болка во 2014 година на нивниот пат до славата. Вардар можеби е мал фаворит, но Флензбург го игра првиот натпревар дома, имаат се што им треба да победат и да си обезбедат шанса да стигнат во Келн за последен пат под водство на Љубомир Врањеш, објави ЕХФ.

Вардар како првопласиран во Б групата го прескокна осминафиналето, а Флензбург имаше два тешки и до крај неизвесни натпревари против Мешков.

Истиот ден, на 22 април се игра и мечот Веспрем – Монпеље, додека следниот ден на програмата се другите две средби: Кил – Барселона и ПИК Сегед – ПСЖ.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска